Сообраќајна несреќаво која учествувале три патнички возила се случи попладнево во скопската населба Даме Груев. Во сообраќајката нема повредени, пријавена е само материјална штета, информираат од полицијата.
Вкупно три автомобили од кои едно марка „пежо“, а останатите две марка „киа“ се удриле на железниот надвозник во населба Даме Груев во 16 часот и 15 минути на улица „Лука Геров“. Полицијата веднаш пристигнала.
ТВ Нова објавиjа видео од местото на несреќата. Еве што остана по сообраќајната несреќа: