Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Фото: Метеорски дожд блесна на небото над Скопје

$
0
0

Годинашниот метеорски дожд Персеиди, кој се гледа од северната хемисфера каде се наоѓа и Скопје, почна на 17 јули и врвот го достигна ноќеска. „НАСА“ вели дека годинава бројот на метеори е двојно поголем со околу 200 остатоци од кометата „Свифт-Татл“ на час, кои горат во горниот дел од атмосферата на Земјата со брзина од 210.000 км/ч.

Метеорите од метеорскиот дожд се движат по паралелна патека и со иста брзина, па изгледаат како да потекнуваат од една точка на небото. Таа точка во овој случај е соѕвездието Персеј и затоа се наречени Персеиди.
Дали и колку од метеорскиот дожд може да се види зависи од локацијата. Најдобро време за набљудување е околу полноќ, кога нема месечева светлива и вештачка светлина од градовите.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>