„Фолк ѕвездата изгледа не може без пилешко. Цеца го прошета новиот фраер?“е насловот во српски Телеграф, каде што пишува дека пејачката била фотографирана во друштво на згодно момче од Скопје, и дека по насмевките и погледите делувало дека се повеќе од пријатели.
Ваквиот напис можеби ги зачуди читателите и фановите на Цеца во Србија, ама затоа слатко ги изнасмеа сите оние во Македонија кои го виделе и прочитале небулозниот спин текст на српскиот таблоид или зашто веќе важи овој тиражен српски печатен медиум.
Имено „згодниот младич“ од фотографијата не е никој друг туку македонскиот естраден менаџер Кристијан Стефановски од „План Б“ продукција, а фотографијата е направена при една од нивните средби по повод настапите на Цеца во Македонија. Откако дилемата дека нашиот менеџер и српската фолк пејачка немаат ништо приватно е отстранета, останува само дилемата дали магазинот самиот ја филувал приказната за да си го зголеми тиражот, ПР менаџментот на Цеца ја смислил и пласирал во јавноста за да има народот што да зборува за неа (што е малку веројатно) или самиот Кристијан преку своите белградски врски и контакти успеал да им ја протне на новинарите?!?
Што и да е едно е сигурно: Во прашање е само уште една новинарска „патка“!