Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 35036

Нахранете го вашиот мозок: И ќе бидете наградени со повита става

$
0
0

Дали знаевте дека нашиот мозокот користи 20% калории од храната што ја јадеме? Нахранете го правилно и ќе бидете наградени со попродуктивен, посреќен и поздрав живот, како и со повита става.

Од друга страна, доколку му ги негирате хранливите материи што му се потребни, цената ќе ја платите со својот изглед и со начинот на кој ќе се чувствувате. На пример, кога станува збор за волјата, префронталниот кортекс – дел на мозок што е задолжен за контрола на импулсите – мора да биде со оптимална функција. Но истражувањата покажуваат дека овој дел се исклучува дури и при незначително опаѓање на шеќерот во крвта, па затоа тешко можеме да ѝ одолееме на храната кога сме на диета. Сепак постојат некои едноставни работи што сите можеме да ги направиме за да го избегнеме ова „нарушување“.

Задолжително консумирајте риба, бидејќи омега-3 масните киселини сочинуваат поголем дел од сивата мозочна маса, а нивниот недостиг може да предизвика губење на расположението и зголемување на телесната маса. Потоа, намалете го количеството шеќер во исхраната, бидејќи тој ги засилува воспаленијата во организмот, ја нарушува функцијата на мозочните клетки и предизвикува големи осцилации на нивото на гликоза во крвта.

Од друга страна, комплексните јаглехидрати, како оние во интегралните житарки, помагаат во стабилизирањето на нивото на шеќерот во крвта и ја намалуваат потребата од слатко. Посните протеини, како што се оние во мешунките (грав), се многу корисни поради тоа што содржат Л-тирозин – аминокиселина што е важна за правилно функционирање на мозокот. На крај, пијте многу течности, бидејќи нашиот мозок содржи 80% вода, а кога сме дехидрирани, нарушени се неговите функции, најмногу способноста за расудување.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 35036

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>