Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34986

Како стануваме неинтересни за другите, а не сме ни свесни за тоа?

$
0
0

Поголем дел од луѓето  трудат да бидат добра личност која е љубезна и чесна кон другите. Но, постојат многу лоши навики кои ги прават луѓето да бидат неатрактивни и неинтересни за другите.

Опседнати се со себеси

Многу луѓе го прават тоа без да сфатат. Се фокусирате само на себеси, зборувате само за себе и не се грижите воопшто за другите околу вас. Мислите дека важни сте само вие и тоа што ви се случува вам. Ако го правите ова, време е да се промените. Никој не би сакал да минува време со пријател кој се грижи само за себеси.

Се фокусираат само на надворешната убавина

Ова им се случува на луѓето кои забораваат дека вистинската убавина доаѓа од срцето, телото и умот. Физичките карактеристики се важни и тоа особено за првиот впечаток кај луѓето, но доколку немате ништо повеќе од тоа, воопшто не можете да ги задржите луѓето покрај себе. Погледнете во себеси. Имате ли карактеристики кои се интересни и важни за другите луѓе?

Секогаш се натпреваруваат

Ова се луѓе кои секогаш мораат да бидат подобри од другите, да видат повеќе, да направат повеќе. Тоа се оние луѓе кои постојано се споредуваат и така ги пропуштаат важните, убави нешта во животот. Затоа, следен пат кога вашите пријатели ќе ви кажат дека направиле нешто, сослушајте ги. Не им велете „јас можам подобро“.

Ги гледаат своите пријатели како непријатели

Овие луѓе постојано се во кавга со своите пријатели. Наместо да се трудат да поминат квалитетно време заедно, тие се полни со недоверба и секогаш мислат нивните пријатели ќе им забијат ноќ во грб. 

Постојано шефуваат

Доколку постојано морате да бидете главни меѓу луѓето и вашиот збор да биде последен, дефинитивно спаѓате во онаа група на луѓе која е неатрактивна и неинтересна за другите. Не морате вие да ги носите сите одлуки и да ги контролирате сите нешта. Опуштете се.

Неискрени се

Тоа се оние луѓе за кои вистината не вреди ништо. Тие не се трудат да бидат искрени, туку напротив – постојано се вметнуваат себеси во лажни приказни. Лажат кога одговараат на прашањата кои им се поставени, лажат за тоа како се чувствуваат за одредени работи и воопшто не им е грижа за туѓата искреност.

Некултурни се

Ако сте личност која постојано ги навредува другите наоколу, веднаш треба да престанете. Зошто би сакале да бидат другите околу вас, ако се што правите е фрлање навреди и лоши зборови кон луѓето кои ви се во близина?


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34986

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>