Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34866

Oвој рецепт од две состојки кој ги отстранува мастите го полуде светот

$
0
0

Доколку имате проблем со вишок масти, ова е рецептот за вас.

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана недостатокот на физичка активност, зголемените масти во крвта се болест на денешницата.

Понекогаш при покачените масти може да се забележат наслаги од масно ткиво во жолта боја и во форма на плоча или јазол на горните очни капаци или на некои други делови од телото.

Со напредување на болеста доаѓа до задебелување на ѕидовите на крвните садови, атеросклероза, за што придонесуваат и други ризик фактори (пушење, алкохол), а последицата на сето тоа најчесто се кардиоваскуларните болести кои се една од водечките причини за смрт во светот.

Доколку имате покачено ниво на масти во крвта, ви го препорачуваме овој лек бидејќи им помогнал на многумина.

Потребни состојки: суви смокви и јаболков оцет 

Лекот направете го навечер а пијте го наутро. Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој сте ставиле 2 децилитри јаболков оцет.

Нека стои така преку ноќ и наутро изедете ги киселите смокви. Остатокот од оцетот немојте да го фрлате, туку во тој истиот оцет следната ноќ повторно ставете три смокви подготвени на ист начин.

Тие 2 децилитри оцет користете ги 7 дена, поголемиот дел ќе го впијат смоквите. Осмиот ден земете нови 2 децилитри оцет и повторете ја постапката уште една недела. Значи, овој лек треба да го конзумирате 14 дена.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34866

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>