Повеќето жени отекуваат пред менструација затоа што организмот ги задржува течностите. Затоа и не чуди тоа што во вториот дел од циклусот се чувствувате како огромен балон. Не сте единствени, но постои решение.
Чајот од анасон има супер мирис и вкус но и го регулира варењето. Семките во овие слатки ѕвездички дури и во Индија се послужуваат на крајот од оброкот за варењето да функционира колку што е можно подобро. Вие можете да сварите чај од анасон: едно лажиче анасон варете го десетина минутио во млеко па исцедете го.
Исто така обрнете внимание на храната што ја јадете во тој период. Избегнувајте производи кои и инаку подуваат, како грав и зелка и намалете го консумирањето на слатки, а зголемете го внесувањето на производи што имаат диуретичко својство (цитруси, кромид, зелена салата, домати, прокељ, целер, магдонмос). Секако, секогаш можете да се нашиете уште некој диуретичен чај – брусница, пченкарна свила, магдонос, …