Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 35004

Најубавите мудри мисли за мајката

$
0
0

Мајка Тереза е католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и свето лице во католичкиот свет. Родена е во Скопје под името Агнеза Гонџа Бојаџиу. Израснала во добро ситуирано католичко, албанско – влашко семејство. На возраст од девет години нејзиниот татко ненадејно починал. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да живее како калуѓерка.

Мајка Тереза е жената која со своето благородно дело кое зрачи со општечовечка љубов и хуманост ги задолжи сите луѓе и народи.

Во продожене следуваат неколку нејзини најубави мисли и цитати:

1. Ајде секогаш да се среќаваме со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта.
2. Кога правиш добро, ќе ти префрлат дека се водиш од егоистични мотиви и мисли, сепак прави добро.
3.Верувај во малите нешта, бидејќи токму во нив лежи твојата сила.
4. Доброто што го правиш, ќе биде утре заборавено, сепак прави добро.
5.Љубовта започнува од домот, и не е важно колку правиме, туку колку љубов внесуваме во она што го правиме.
6. Искреноста и отвореноста те прават повредлив, сепак биди искрен и отворен.
7.Шири ја љубовта секаде каде што одиш. Кога некој ќе дојде кај тебе, нека си замине посреќен отколку што дошол.
8. Она што си го изградил со години може да биде уништено преку ноќ, сепак гради.
9. Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка
10.Твојата помош навистина е потребна, но луѓето можеби ќе те нападнат ако им помогнеш, сепак помагај им.
11. Никогаш нема да бидеме свесни за тоа колку добри нешта може да направи една обична насмевка.
12. Дај му го на светот најдоброто од себе, а тој ќе ти ги скрши забите, сепак дај му го на светот најдоброто од себе.
13. Луѓето се неразумни, нелогични и свртени кон себеси, сепак сакај ги.
14. Ако си ја пронајдеш среќата, луѓето може да ти позавидат, сепак биди среќен.
15 .Ако си успешен ќе се стекнеш со погрешни пријатели и вистински непријатели, сепак биди успешен.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 35004

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>