Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34886

Без памет се може, но без памет не се вози

$
0
0

Се возат седнати на прозорците на автомобилите, а доколку се случи несреќа кој ќе одговара?!

Неодговорноста, лошите навики и непочитувањето на сообраќајната сигнализација и понатаму е одлика на дел од граѓаните, кои на тој начин си го загрозуваат сопствениот живот, но и животот на сите останати учесници во сообраќајот. Во нашата редакција пристигна слика и реакција од граѓанин кој бил сведок на една таква ситуацијаа, која многумина од нас често ја гледаме на улиците.

-Се враќав од работа и на надвозникот во населбата Автокоманда ги забележав девојчињата кои што беа седнати на прозор и така се возеа во автомобилот, претпоставувам дека одеа на некоја прослава. Тие девојчиња не се свесни дека си го загрозуваат својот живот со ваквото однесување, возачот не смее да дозволи тие да седат на прозор додека го управува возилото, еден лош маневар во автомобилот и на многумина животот ќе биде во опасност. Ги сликнав и ги испратив сликите кај вас, бидејќи сакам ова да го објавите, не сме должни возачите ова да го гледаме во сообраќајот и да се плашиме да не се случи да падне некој при ваквото возење и потоа некој да одговара пред судските органи за нешто што не го предизвикал, ни напиша Филип Г.

Дека ваквото однесување е казниво, во продолжение можете да го прочитате членот од Законот, но сепак за истите да бидат казнети потребно е на лице место да бидат забележани од службени лица.

“Лицето кое се превезува со возило , не смее на било кој начин да го попречува возачот во управувањето со возилото, да влијае врз возачот да управува со возилото на начин со кој се намалува безбедноста на сообраќајот, ниту да презема дејствија со кои ја загрозува сопствената безбедност или безбедноста на другит е (отворање на врата, наведнување преку прозор, скокнување, искокнување од возилото и слично). (2) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на лицето кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.“


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34886

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>