Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34986

Се заљубил во жена која умира: „Повторно би го направил истото”

$
0
0

Мајк Хугес се заљубил во Карли само четири месеци пред таа да почине...

На Карли кога имала 23 години ѝ бил дијагностициран рак на хранопроводот. Мајк, кој бил нејзин пријател од колеџ, редовно ја посетувал во болницата, а потоа неговите посети се претвориле во една голема љубов и планови за иднината, која всушност не постоела.

Мајк одлучил со светот да ја сподели својата приказна за ирационалната љубов и за тоа како се бори со тоа спомените на Карли да живеат засекогаш.

Мајк ја запознал Карли како силна, паметна, преубава девојка на колеџ, која отсекогаш знаела што сака. За време на студентските денови се забавувале краток период, а потоа во еден момент се оддалечиле.

После тоа, несреќни околности повторно ги споиле, кога родителите на Карли се разведувале, а родителите на Мајк веќе биле разделени. Бидејќи делеле исто искуство, нивните разговори немале крај.

Пријателството продолжило и после студиите иако живееле во различни градови. Тие одржувале контакт преку интернет, а во 2012 година Карли му се јавила на Мајк дека пристигнува во Њујорк за да посети васкуларен хирург бидејќи чувствувала грчови во нозете. Сакала да испијат кафе после нејзината посета кај лекарот.

За жал, Карли не успеала да стигне на кафе, а нејзината мајка му се јавила на Мајк дека ѝ пронашле тромбови кои стигнале до белите дробови и веднаш морала да оди на операција. После бројни испитувања, ѝ бил дијагностициран тумор.

Мајк присуствувал во моментот кога на Карли ѝ соопштиле дека боледува од рак. На тоа инсистирала нејзината мајка, за да ѝ пружат поддршка во најтешките моменти. Тоа било само два дена пред нејзиниот 24-ти роденден.

Тоа бил моментот од кој Мајк веќе не се одвојувал од Карли. Во тој период таа поставила јасни граници дека не смеат да се заљубуваат еден во друг се` додека таа не ја победи страшната болест.

Како што подолго време поминувале заедно, сите ѕидови и бариери кои ги изградиле околу себе се срушиле. Својата врска ја криеле од останатите, а љубовта станала се` посилна. Иако имале големи планови за иднината, неколку месеци после терапијата туморот се проширил.

После итната операција, Карли некое време лежела во болница, а за Мајк тие три часа дневно кои можел да ги помине со Карли биле најсреќните делови од денот.

„Иако на почетокот ѝ беше кажано дека се наоѓа во третиот стадиум од болеста, а подоцна во четвртиот, никогаш не разговаравме за можноста дека таа ќе умре“, вели Мајк кој во серијата на нејзините терапии, еднаш отпатувал со својот татко во Африка.

Иако сакал да го откаже патот, Карли инсистирала да оди. Ниеден момент од неговиот пат не се пожалила дека ѝ е тешко или дека нешто ѝ фали.

На патот назад додека бил на аеродром, Мајк почувствувал болка во стомакот. Тогаш дознал дека Карли починала.

„Не можев да се помирам со фактот дека повеќе ја нема. Се слушнавме пред само два дена кога ми раскажуваше како на терапија запознала личност која е на чекор до победа на истата болест како неа. Беше инспирирана од таа приказна. Иако на крајот од разговорот ѝ реков чао, таа ме исправи и ми рече: ’Се гледаме наскоро’“, се сеќава Мајк.

„Поради овие четири месеци кои ги поминав покрај Карли, сум многу подобра личност. И да знаев дека ќе умре за толку краток период, пак би го сторил истото. Иако празнината која ја чувствувам е преголема, не жалам за ништо“.

„Единствено нешто што би променил е патот во Африка. Никогаш не би заминал. Дел од мене би сакал да бев покрај неа во тој момент, но дел од мене сепак смета дека е подобро што не го видов тој трауматичен момент. Карли секогаш ќе живее со мене и ќе биде моја инспирација“, вели Мајк.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34986

Latest Images

Trending Articles



Latest Images

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>