Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Вистинска љубов или краткотрајна залуденост: Показатели дека сте во зрела врска!

$
0
0

Секој од нас ја бара љубовта на својот живот и врската којашто ќе трае засекогаш. За да може да ни се случи ова, потребно е врската да биде здрава и зрела и да го препознаеме тоа уште од самиот почеток.

За жал, незрелите врски ги препознаваме кога веќе е предоцна, а токму од такви врски е паметно да избегаме и да се обидеме да најдеме нешто што има суштина и смисла.

За разлика од незрелите врски, во зрелите врски нема многу драма, ни натпреварување, а поради тоа, двете страни се многу посреќни. Ова се показателите кои кажуваат дека вашата врска е токму таква.

Расправиите се рационални

Расправиите не мора да бидат лоша работа. Ако вашите расправии се рационални и конструктивни, ваша врска може уште повеќе да зајакне. И среќните парови се расправаат, но нивните расправии се зрели, па затоа нивните кавги се одлична основа за подобрување на врската.

Не се натпреварувате

Во незрелите врски важно е чиј збор бил последен и кој победил во некоја расправа. Во зрелите врски победата е помалку важна. Понекогаш подобро е да кренете раце од расправата, отколку да се борите и со раце и со нозе за да докажете дека сте во право.

Сопствената среќа ја ставате на второ место

Се разбира, ова правило не важи секогаш, но компромисите и способноста за компромис се показател дека сте во зрела врска. Еднаш ќе попуштите вие, друг пат другата страна. Вистински показател за зрелост е тоа нашата подготвеност да жртвуваме нешто за другата личност да биде среќна.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>