Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром, потврдуваат од МВР за НОВА.
Во 17:44 часот дежурниот од ДОЦ на РЦ – Север пријавил дека од Контрола на летање примиле повик, дека комерцијален авион со три патници им се изгубил од радарот.
Како што дознава Курир, се работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво.
Сигналот од радарот се изгубил во 17:35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец према Велес.