Што мислите: Кое зборови се посилни во љубовта, изговорените или напишаните? Еве што вели науката...
Можете телефонски да изјавувате љубов и по 100 пати на ден, но ако никогаш не сте и напишале писмо или мејл, да знаете дека сте направиле грешка.
Предноста на пишаните над изговорените зборови ја утврдиле и научниците од Универзитетот во Индијана на основа на едно истражување во кое студентите добиле страствени мејлови и говорни пораки. Емотивното возбудување на испитаниците било значително поголемо во првиот случај, што не ги изненадило научниците.
Кога пишуваме, имаме можност да го кажеме баш она што го мислиме и чувствуваме, да го „делкаме“ текстот внимателно бирајќи ги зборовите кои би го доловиле нашето расположение. Личноста којашто го чита тоа има доволно време за да ги сфати сите информации кои често знаат да се изгубат во разговорите. И затоа, напишете неколку реда, макар било тоа и мејл.
Секој може да напише љубовно писмо, кое било и ќе остане еден од најромантичните гестови.
За тоа, потребни се неколку совети: За почеток, не глумете, туку на хартија ставете се што чувствувате. Лажните зборови лесно се забележуваат, како и цитатите кои сте ги украле од некој поет или писател. Не размислувајте премногу, водени од желбата да го напишете совршеното писмо. Тоа треба да ве отсликува вас, да биде искрено и спонтано, па дури и да повторувате зборови или реченици, сигурно нема да добиете минус.
Сетете се на се што ви се допаѓа кај саканата личност, па спомнете го тоа. Луѓето сакаат да видат дека сте запаметиле детали. Напишете како се чувствувате кога сте заедно, за заедничките спомени и постојано имајте на ум дека ако пишувате од душа – не можете да погрешите.