Оваа година омилениот вински фестивал слави 10 години јубилеј. Од 28 септември до 02 октомври, Скопје ќе се забавува на десетиот јубилеен Вино Скоп. Сите македонски винарии на едно место,
Гастрономски специјалитети кои одат со добро вино и богата музичка програма е она што не очекува на Вино Скоп 2016.
Во центарот на Скопје, на плоштад „Македонија“ посетителите пет дена ќе можат да дегустираат квалитетно македонско вино и да уживаат во настапите на македонските музичари Владо Јаневски, „Куку Леле“, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски...Целосна програма наскоро!