Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, oсобено предпладне и во средината на денот. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во западните делови повремено засилен западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, Попладне врнежите ќе престанат. Преку денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 11 до 18 степени.
Во четврток и во петок облачноста ќе се намалува и ќе преовладува стабилно, претежно сончево време, но со пониски утрински температури. Нови врнежи од дожд се очекуваат за викендот, особеново во недела.
Еве какво ќе биде времето до крајот на месец октомври: