На 18.10.2016 година во 21,00 часот во ПС-Аеродром Л.Л. (43) од Скопје, пријавила дека околу 20,45 часот во дневната соба во семејниот дом влегол нејзиниот сопруг И.Л. (46), со намера да гледа телевизија, а Л.Л. му рекла дека била уморна и дека ќе одела да гледа во друга соба, по што истиот ја фатил за коса и почнал да ја удира со боксови и шлаканици во пределот на главата и лицето, ја турнал на подот и повторно ја удирал.
Истата успеала да излезе надвор и да побара помош, а И.Л. излегол по неа и со рака и ја притиснал устата за да ја спречи да вика. Во тој момент дошол нивниот син и го отурнал од неа. И.И. влегол во домот и излегол со палка во раката, но кога забележал дека го гледаат соседите, ја фрлил палката во дворот и влегол во куќата.
Потоа повредена се јавила на лекарски преглед во ГОБ„8-ми Септември“ каде и биле констатирани телесни повреди.
И.И. бил повикан во ПС-Аеродром и со истиот бил извршен разговор и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Статистиките покажуваат дека во првата половина на 2015 пак, се евидентирани 612 случаи на семејност насилство и тоа 329 на физичко, 561 психичко насилство, 14 економско насилство и еден случај на сексуално насилство.