Врската на таткото со своите деца е навистина уникатна. Таткото е пример, заштитник, лидер, идол. Таткото ги поправа работите и ги сака своите деца повеќе од се на светот.
Некогаш се случува децата да ја земат оваа љубов здраво за готово и забораваат какви жртви прави таткото за тие да бидат среќни и да израснат во деца на кои никогаш нема да им недостасува ништо.
Ова се 7 работи кои треба да ги знаете за вашиот татко:
1. Тој секогаш се грижи како да обезбеди доволно средства за никогаш ништо да не ви недостасува.
2. Вие секогаш ќе бидете поважни од неговата работа.
3. Тој навистина сакал да ги исполни сите ветувања кои ви ги дал, иако не го правел тоа секогаш успешно.
4. Неговото срце се кршело секогаш кога не можел да си дозволи да ви ја купи таа играчка.
5. Тој сака вие да бидете подобри од него.
6. Тој повторно би го избрал истото. Би ве избрал вас.
7. Тој непроценливо и неизмерно многу ве сака и би го дал животот за вас.