Веројатно сте од мнозинството луѓе кои сакаат луѓе со самодовеба.
Но, тоа не е лошо нешто. Всушност, одлично е да знаеме што сакаме од другата личност и да бидеме привлечени од луѓе кои се сигурни во себе и кои точно знаат што сакаат. Особено доколку не сме претерано сигурни во себе или пак имаме одредени сомнежи за нашите квалитети и карактеристики. Или пак, од друга страна – можеби сте личност која има самодоверба и до себе сакате иста таква личност.
Многу често, самодовербата е клучна. Но, што ако не е?
Што доколку луѓе кои се претерано сигурни околу вас, бидете со луѓе кои се нервозни покрај вас?
Веројатно ви звучи многу чудно, но има смисла. Сигурно се прашувате зошто би биле со личност која е нервозна секогаш кога ќе се сретнете?
Но, пред да се насмеете на тоа, треба да знаете едно нешто : Личноста на која многу и се допаѓате, секогаш ќе има доза на нервоза во себе кога е околу вас. Тоа треба да го имате на ум, бидејќи дури и личноста која е сигурна во себе, кога и се допаѓате чувствува нервоза и пеперутки. Секогаш постои потребата да се импресионира другата страна и да се биде обожаван и сакан. Сите стануваме помалку луди кога станува збор за љубовта и нештата околу неа, бидејќи љубовта е сложено чувство.
Затоа, можеби треба да бидете со личност која се насмевнува кога ќе ве види и која е возбудена кога зборува со вас, не затоа што нема што да каже, туку поради тоа што сака да ги каже вистинските нешта за да ве импресионира. Бидете со личност која постојано ве изненадува и која се труди да биде најдобрата верзија од себе за вас.
Бидете свесни дека кога одредена личност ви зборува нешто со леснотија, дури и без да трепне...таа личност може да живее без вас. Таа е личноста која ги кажува истите фрази, наоколу. Тоа е личност која ги знае сите игри, бидејќи ги изиграла милион пати пред тоа.
Бидете со личност која знае дека не смее да прави грешки бидејќи ќе ве изгуби. Бидете со личност која знае дека вредите и дека нема да прифатите да бидете третирани на лош начин. Бидете со личност која е љубезна кон вас, бидејќи знае дека го заслужувате тоа.
Бидете со личност која не се плаши да ви каже дека