Викендичките од Побожје во Чучер-Сандево утре од 9:40 до 15 часот ќе немаат струја, а од 9 до 12 часот без струја ќе бидат гимназијата „Орце Николов“, детската градинка „Орце Николов“, улицата „Мирка Гинова“ и булеварот Илинден кај гимназијата „Орце Николов“ во Општина Карпош.
Од 9 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од улицата „Востаничка“ и корисниците на дел од улицата „Саса“ и улица 2 во населбата Пинтија во Општина Кисела Вода.