Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Неизвесна судбината на проектот „Рајска градина“ кој требаше да се гради во Аеродром

$
0
0

Тендерот за изградба на Рајската градина во Аеродром поништен, неизвесно е дали проектот ќе се реализира, пренесува 24 вести. 

Од државната ЕЛЕМ , која практично е инвеститор, за телевизијата потврдуваат дека објавениот тендер е поништен откако завршиле сите жалбени рокови. На тендерот  се јавиле фирми што ги исполнуваат условите, но сепак постапката е прекината.

“Јавната постапка за избор на изведувач за изградба на Рајски парк е поништена поради процедурални причини. Поднесени се прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди“ АД Електрани на Македонија нема финансиски импликации кон други субјекти поврзани со овој предмет, а низ органите на Компанијата дополнително ќе се одлучува околу понатамошните активности  и идниот статус на проектот.

Проектот Рајска градина, во која требаше да се сместат животни, статуи, фонтани и езеро, предизвика бурни реакции во јавноста. Производтсвото на струја во изминативе 10 години се намали за 25 отсто. Јавноста сметаше дека ЕЛЕМ треба се насочи кон изградба на енергетски капацитети, а не градини. 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>