Неофицјално, двајца скопјани се повредени во сообраќајна несреќа што се случи после полноќ на раскрсницата помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“ во скопската населба Карпош 4.
Скршени возила, парчиња стакло, полицски светла во моментов сведочат за сообраќајната несреќа што се случила на семафорите во близината на познатите згради - убавици во Скопје. Учесници во сообраќајната незгода се две возила со скопски табли, првото такси возило, а второто цивилно патнички возило.
Повредените веднаш се пренесени во Клиничкиот центар, а МВР повеќе детали ќе соопшти во текот на утрешниот ден.