Последната деценија се забележува пораст во купопродажбата на станови, наспроти купопродажбата на куќи. Младите брачни парови се почесто се одлучуваат својот дом да го креираат во стан наместо во куќа. На што се должи тоа и кои се предностите да се живее во стан?
Со поголемиот број на изградени станбени објекти се зголеми и понудата на станови, тоа е една од причините која ги примамува семејствата. Покрај тоа цените на становите во главниот град варираат од 500 евра за метар квадратен па нагоре. Може по подрачните населби да се најде стан со одлична цена, додека пак цените на земјиштата почнуваат од 50 евра за метар квадратен и нагоре, и подолгорочен процес на градба за куќа.
Банките нудат одлични услови за станбени кредити, што исто влијае врз семејствата да се одлучат да живеат во стан.
Куќите иако имаат свои поволности, најчесто поголем простор, двор и можности за свое креирање и уредување, останаа непримамливи најверојатно поради поскапата инвестиција.
Во главниот град се повеќе семејства го најдоа своето живеалиште во станови главно поради финансиската моќ и можности. Освен тоа практичноста во станот е поголема. Младите семејства се помалку време имаат да им посветат на домот па поради тоа се одлучуваат за полесната варијанта.