На Граничниот Премин Долно Блаце синоќа била запленета поголема количина на дрога. Цариниците извршиле детална контрола на возило „Мерцедес А 190“ со албански национални ознаки, управуван од 26-годишниот Б.Г. од Албанија.
Со него како сопатници биле и 24-годишниот Б.M. 22-годишниот Б.Р. и 19-годишниот Б.X. исто така од Албанија.
При контролата во посебно направен бункер во патосот на возилото биле пронајдени 29 пакетчиња со тревкаста материја со вкупна тежина од околу 30 килограми, за која било утврдено дека се работи за наркотична дрога марихуана.
Од страна на Царинска управа наведените лица се задржани за понатамошно постапка.