Наскоро во Скопје ќе се отвори уште еден луксузен хотел. Станува збор за хотелот Мериот сместен на плоштадот Македонија во центарот на градот. Хотелот располага со 164 соби од по 30 метри квадратни, категоризирани во 8 категории, 8 конференциски сали и една бал сала за 600 лица. Хотелот има и базен, сауна, тераса, која може да се користи во било кое време од годината со 120 места, ексклузивен лаунч бар…
Концептот на хотелот е создаден со цел на своите гости да понуди елеганција и удобност како за бизнис гостите, така и за оние кои што доаѓаат за одмор.
Во неговата внатрешност ќе најдете мирна и внимателно креирана атмосфера. Вработените се љубезни и ненаметливи. Овој спој треба на гостите да им понуди уникатно искуство и убав престој.