Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Кина ќе му подари компјутерска опрема на Град Скопје

$
0
0

Владата на Народна Република Кина и ИТ-гигантот „Хуавеи“ ќе му подарат на Град Скопје компјутерска опрема во вредност од седум милиони евра. Опремата ќе биде наменета за средните училишта на градот. 

Денеска беше потпишан меморандумот помеѓу Премиерот Емил Димитриев и кинеските претставници во летонската престолнина, Рига. Договорот беше потпишан во рамки на активностите кои се одвиваат на маргините на Самитот со земјите од Средна и Источна Европа со НР Кина, кој се одржува во главниот град на Летонија. Менаџерскиот тим на компанијата „Хуавеи“ назначен за Средна и Источна Европа и Скандинавија се сретна со Премиерот Емил Димитриев. Двете страни разговараа за потенцијалните можности за соработка помеѓу Македонија и НР Кина во сферата на ИКТ-технологиите и конкретно на компанијата „Хуавеи“. Меѓу другото се разговараше и за можна соработка во образованието и концептот на „паметни градови“.

 Меморандумот за соработка обезбедува донација во информатичко-комуникациска опрема, инфраструктура и технологија во вредност од седум милиони евра, која донација ќе биде распоредена во средните училишта во Град Скопје. Инаку, оваа донација е прва фаза од соработката во областа на образованието меѓу Македонија и НР Кина, а во следниот период ќе продолжат контактите меѓу двете страни за разгледување на можностите за обезбедување на донација во информатичка технологија и опрема и за училиштата во останатите градови во Република Македонија.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>