Почетокот на новогодишната еуфорија се чини дека е на прагот откако кока кола го најави почетокот на турата на познатиот божиќен кока кола камион.
Познатата санка на дедо мраз, но овој пат засилена со стероиди: популарниот кока кола камион обиколен со новогодишни светла и препознатлив по големата слика од Дедо Мраз ја започнува својат турнеја околу Велика Британија во чии рамки е планирано да се делат бесплатни пијалоци на 44 локации во Англија, Шкотска и Велс.
„За многумина пристигнувањето на убавиот божиќен Кока Кола камион е знак на убаво расположение и празнична атмосфера“, велат од Кока Кола. Британците ќе имаат можност да влезат во магичната земја на чудата, преку фотографирање со камионот и мал подарок од кока кола. Овој пат изненадувањето ќе биде дополнето и со интересни анамации кои ќе се појавуваат на самиот камион, додаваат од компанијата.