Првите скулптури во вид на човечки фигури пристигнаа и веќе се вградуваат во фасадата на објектот наречен палата „Емануел Чучков“. Објектот се наоѓа на крстосницата помеѓу улиците „Јордан Мијалков“ и „Павел Шатев“, веднаш под Министерството за внатрешни работи.
Пред две недели поставени беа првите две скулптури-лавови на самиот влез во објектот, додека вчера, беа донесени 3 човечки фигури, од кои две беа качени на врвот на објектот кој е сеуште во изградба. Откако ќе завршат градежните активности, во палатата ќе се сместат Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод на РМ и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.