Наместо досегашните 120 евра, минималната вредност за купување која треба да ја направите во Грција, и како резултат на тоа да барате поврат на ДДВ сега е 50 евра.
Ваквата одлука грчките власти ја донеле на средината на октомври, што е посебно важно за оние кои во Грција, освен на одмор одат често и на шопинг.
Како што пренесуваат грчките медиуми, овие услови се променети пред 20 дена за производи кои се купени во Грција.
-Минималниот износ на купени производи неопходен за враќање на данок претходно изнесуваше 120 евра, а денеска таа сума е намалена на 50 евра, пренесуваат грчките медиуми.
Така на пример за сметка од 50 до 69 евра, повратот на пари е 6 евра, додека за сума од 100 до 120 евра, повратот е 12 евра. Така за шoпинг на кој сте потрошиле од 970 до 1.020 евра ќе можете назад да си земете дури 124 евра.