Понекогаш, животот ни дава искушенија за коишто се плашиме дека нема да имаме сила да ги преминеме. Понекогаш, сме збунети и не знаеме како да продолжиме понатаму. Понекогаш пак, го знаеме одговорот, но тешко ни е да ги преземеме потребните чекори.
Ова се 10 моќни вистини на кои треба да се потсетуваме секојдневно, а кои ќе ни помогнат да ги пребродиме сите тешки денови и предизвици.
- Зборувањето за вашите чувства не е слабост.
- Плачењето пред друга личност исто така не е слабост. Голем дел од луѓето не можат да најдат сила во себе за тоа.
- Во ред е да заминете од оние кои не ви носат веќе насмевка на лицето.
- Во ред е да побарате помош кога сте збунети.
- Да се биде сам не значи и да се биде осамен.
- Бидете горди на себеси, секогаш бидете горди бидејќи имате право на тоа.
- Понекогаш е неопходно да погледнете назад за да видите каде сте стигнале.
- Една одлука не ве дефинира како личност.
- Не дозволувајте никој да ја контролира вашата среќа.
- Ставете се себеси на прво место.