Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Русите ја менуваат водката со македонска ракија

$
0
0

Рускиот гастроном Олег Назеров периодов престојува во Македонија за да ги разгледа можностите за развивање на интересен вид на туризам. Имено, тој ја разгледува опцијата за воведување на редовни авио-линии од Русија кон Македонија, со цел руските туристи да имаат прилика да ја посетат нашата земја и да ги дегустираат најквалитетните вина, ракии и кулинарски специјалитети. 

Алкохолно-гурмански туризам, како што вели Назеров е пракса во светот. Познато е дека Скандинавците викендите ги поминуваат на траект кој се наоѓа во интернационални води со цел да уживаат во алкохолот по пониски цени, поради строгите забрани кои важат во тие земји. Во Македонија престојуваат две телевизиски куќи во моментов кои изработуваат репортажи кои на Русите ќе им ги прикажат убавините на земјата и ќе ги „намамат“ да дојдат во посета. Според Назеров неопходно е воведување на директна авио-линија. Секако, постои и опција за влегување на нашите традиционални производи на огромниот руски пазар. Бидејќи, како што вели тој, македонската ракија, вина и храна се исклучително интересни за Русите. 

Целата оваа иницијатива е организирана и поддржана од нашата амбасада во Москва, која се надева на поголема трговска размена. Русија е голема земја со огромен пазар, споредено со нашите производни капацитети. Од особена важност е да настојуваме да ги освоиме сипатиите, како на руските потрошувачи, така и на трговците. До сега, нашата трговска размена се состои од извезување на земјоделски производи и производи од фармацевтската индустрија.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>