Дукан диета е начин на исхрана кој ќе ви овозможи ефикасно да се ослободите од вишокот килограми на долгорочен план.
Доколоку сте љубител на месо и млечни производи, ова е тоа што го чекавте! Дукановата диета е многу слична со месната на д-р. Аткинс. Главниот трик на овој начин на слабеење е зголемување на количината на протеин во дневната исхрана и намалување на шеќерите во 4 етапи.
Прва етапа : Напад
Во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите оваа етапа ја практикувате од 1 до 7 дена. Доколку ви требаат -3 килограми доволен е само еден ден напад, со 7 дневен напад можете да изгубите и до 17 килограми. Во овој период не конзумирате ништо друго освен протеини. Јадете немасно месо, подготвено (пожелно) без масло(варено,печено во фолија), риба, млечни производи и варени јајца во неограничени количини. Во оваа етапа можно е да не изгубите килограми или тоа да биде сосем минимално, но не обесхрабрувајте се. Најдоброто доаѓа!
Втора етапа : Вкрстување
Во оваа етапа се случува вистинското губење на килограмите. Започнете го денот со 4 лажици неутрални овесни снегулки и јогурт, овој појадок ќе ви ја задоволи дневната потреба за скроб. Во вашите оброци вклучете ги и салатите како и неутралните зеленчуци(модар патлиџан, карфиол, тиквички). Одберете дали салатата ќе ја конзумирате секој втор ден во комбинација со протеини или ќе јадете протеини 5 дена последователно, па следните 5 дена ќе ги комбинирате со зеленчуци. Оваа етапа практикувајте ја додека дојдете до посакуваната линија. Пожелно е да пешачите 20тина минути дневно, но не и потешки физички активности.
Трета етапа : Консолидација
Во овој период веќе почнувате да посегате и по “забранетите плодови“ од предходните етапи. Дозволете си неколку мали плодови во текот на денот(препорачливо претпладне), две парчиња интегрален леб во комбинација со протеини. Салатите јадете ги неограничено. Во оваа етапа два пати со седмицата е дозволено да се почеститие со свечен оброк односно да јадете се што сакате, но никако повеќе од два пати седмично! Овој режим трае во зависност од успехот на предходната фаза, третата етапа се држи по 10 дена за секој изгубен килограм од етапите ден и два.
Четврта етапа : Стабилизација
Вашиот организам веќе е привикнат на новиот начин на живот и исхрана. Во оваа фаза кога веќе ја имате идеалната тежина. Треба само еден ден од седмицата (по ваш избор) јадете 4 лажици овесни снегулки со јогурт за појадок и чисти протени и салати во текот на целиот ден, без ограничување.
Препораки:
- Консумирајте кафе без шеќер во неограничени количини.
- Пијте зелен чај и лимонада без засладувач.
- Користете витамини како додаток во исхраната.
- Пешачете!
- Не ја применувајте Дуканова диета доколку имате здравствени проблеми!!!
- Во случај на запек слобоно земете лесен лаксатив.