Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34776

Подгответе се: Не очекува најголемата Супермесечина!

$
0
0

Доколку оваа година не сте набљудувале ниту едно важно астрономско случување, тогаш време е на 14-ти ноември да го вперите погледот кон небото и да уживате во големата Месечина.

Имено, во случај на ведро небо, ќе можете да ја набљудувате појавата на Супермесечината во најголема верзија уште од 1948 година. Нашиот природен сателит на 14-ти ноември на небото ќе се појави и до 14% поголем и 30% посветол од обично.

Причината е позицијата на Месечината во однос на Земјата, која во тој момент ќе биде на околу 45.000 километри поблиску отколку во периодот на најоддалечената позиција.

Со оглед на тоа дека орбитата на Месечината е елипсовидна, нашиот сателит најизменично се наоѓа во перигеј - најблиската точка во патувањето и апогеј - најоддалечената точка во патот околу Земјата. Перигеј изнесува околу 360.000 km, додека апогеј околу 405.000 km.

Исто така, на појавата на Супермесечината влијае и порамнувањето на Земјата, Месечината и Сонцето, како и потенцијалната позиција на нашиот сателит блиску до хоризонтот, што создава илузија на дополнително зголемување.

Следната значајна Супермесечина ќе се случи дури на 25-ти ноември 2034 година. Од друга страна, "обичната"Супермесечина се случува релативно често и неретко поминува незабележана.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34776

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>