Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Мали совети кои ќе ја уништат секоја главоболка

$
0
0

Главоболките се најголемиот проблем за голем дел од луѓето. Дел од нас имаат проблем со мигрена, дел со главоболки предизвикани од времето, технологијата или стресот. Но, освен таблетите постојат и некои други нешта кои ќе ви помогнат да ги победите главоболките.

Пијте вода – изгледа едноставно, но голем дел од главоболките се предизвикани од дехидратација.

Масирајте ја главата – истражувањата покажуваат дека масирањето на делот од главата кој е зафатен со главоболката, помага во намалување на болката.

Истегнете се – голем дел од главоболките се предизвикани од тензија во мускулите. Едноставното истегнување на вратот помага во намалување на таквата тензија.

Јадете лубеница – иако ова е можно само во летниот период, имајте го на ум тоа. Ако вашата главоболка е предизвикана од дехидратација, лубеницата може особено да помогне во намалување на болката.

Испијте кафе – кофеинот во кафето ќе помогне во намалување на болката.

Пијте јаболков оцет – иако не ви звучи како најдобра идеја, 2 лажици јаболков оцет додадени во чаша вода со малку мед и лимонов сок можат да ја вратат алкалноста во организмот и да ја намалат болката.

Чај од ѓумбир – ѓумбирот има антивоспалителни дејства кои ја намалуваат болката и мачнината која се јавува кај мигрената.

Ставете мраз на пределот околу очите – тоа помага во намалување на температурата на крвните садови, што ја намалува пулсирачката болка.

Топол туш – дозволете водата во силен мраз да паѓа на вашиот врат. Топлината ги релаксира мускулите и ја намалува тензијата.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>