Сведоци сме на еден нов материјален свет, на една нова Македонија, Македонија во која повеќе никој не е спокоен и среќен како некогаш. До каде планирате да одите со политиката, со поделбатата на народот на 2 несреќни дела. Како да стигнеме до среќа во Македонија, до едно подобро утре!? Знае ли некој?
Се собравме 50 илјади, 100 илјади, јаки сме ама и гневни, и едните и другите!
Во пресрет на ситуацијата, ќе го повикаме ангелот од небото да ни помогне, да не потсети како тој ја собираше цела Македонија во една вечер, но спротивно од сега, тој беше единствениот кој делеше СРЕЌА, ЉУБОВ, ХУМАНОСТ! Да, драги читатели, нашиот ангел Тоше на неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) оддржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 50.000 посетители.
Тој беше единствениот кој можеше да ја собере цела Македонија и да биде хуман!
Сега прашањето е, што направивте вие што потрошивте толку финансии и гнев за да соберете толку народ???
Прочитајте што кажа Тоше Проески на почетокот на неговиот последен концерт, и секако нека ви биде за пример …
Добровечер Македонијоооо!
Дали сте расположени за уште едно дружење. Едноставно неможам да верувам во колку голем број не има вечерва. Како проаѓа времето и како доѓаат другите концерти се поназад и поназад се повлекуваме со сцената. Тоа ми е посебно драго. Се надевам дека на следниот концерт кој ќе се случи за неколку години сцената ќе биде на крајот од стадионот. Дозволете ми да ви се заблагодарам вам, заради тоа што вие сте најзаслужните вечерва за ова што се случува. Денес сме на мое огромно задоволство на трет концерт мој, а посебно ми е чест што е хуманитарен. Сите средства кои ќе бидат собрани вечерва од картите, се ваша донација за обновување на основните училишта во Република Македонија. Едно од тие училушта е и Никола Карев во Крушево, основното училиште во кое што учев јас. Училиштето е веќе обновено и за неколку дена треба да се пресече лентата и да се отвори. Драго ми е што новите генерации ќе имаат можност со нови методи и во нова средина да се школуваат, затоа што школувањето е наша заедничка одговорност. Ќе се обновуваат школите во Република Македонија. Republic of Macedonia е називот на мојата и вашата држава и во Америка. Морам да кажам уште кратко. Многу ми е драго што вечерва се собравме денес од цела Македонија. Од сите градови низ Македонија и од моето родно Крушево … Уживајте!