Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 35016

Симулиран пожар и акција на пожарникарите во хотелот „Ибис“

$
0
0

Противпожарната бригада на Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување организираа  симулациска вежба, справување со пожар, гасење и евакуација на луѓе од опожарен објект. Вежбата ја изведоа во новоизградениот хотел „Ибис“ во центарот на Скопје. 

Вежбата е во согласност со законските одредби поврзани со безбедноста односно потребата правните субјекти да докажат дека имаат ефективен систем за справување со ваков вид предизвици. Задолжително тестирање и исправност на ПП апаратите како и разработен план во случај на пожар или друга елементарна непогода. 

Вежбата беше изведена со одлична координираност  на сите вклучени. Со ова Противпожарната бригада ја покажа својата спремност да одговори на секакви ситуации, професионално и ефективно. Оваа вежба претставува и своевиден сертификат за хотелот „Ибис Скопје сити центар“ во врска со безбедноста во угостителските капацитети и самите вработени во хотелот.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 35016

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>