Многу пријатели во Скопје и многу убави спомени ме врзуваат за него. Во Македонија снимив три филма и тоа „Збогум на 20 век“, „Илузија“ и „Бал-кан-кан“ и секој почеток на работата на филмот беше во Скопје, вели во интервју за „Република“ хрватскиот актер.
Фестивалот на европски филм „Синедејс 2016“ во Скопје се затвори со хрватскиот филм „Устав на Република Хрватска“, чијшто копродуцент е Македонецот Дејан Милошевски и неговата куќа „Револушн продакшн“, а филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. Филмот е на познатиот и многу популарен режисер Рајко Грлиќ, а музиката ја напиша нашиот Дуке Бојаџиев. Во филмот игра одлична актерска екипа предводена од српскиот актер Небојша Глоговац, потоа Ксенија Маринковиќ, Дејан Аќимовиќ, а помала улога има и нашата актерка Јелена Јованова. Филмот беше прогласен за најдобро остварувањена филмскиот фестивал во Монтреал, Канада.
Актерот Дејан Аќимовиќ толкува една од главните улоги во филмот. Тој во интервју за „Република“ признава дека секогаш со задоволство доаѓа во Скопје и во Македонија. Публиката го памети во македонските филмови „Збогум на 20 век“, „Илузија“ и „Бал-кан-кан“.
Во интервјуто говори за тоа како е да се снимаат филмови во Хрватска, за актерската професија, за љубовта и за омразата.
Интервјуто можете да го прочитате на следниот ЛИНК.