Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

ОД ТРИ ПУНКТА: Зимската служба почна да работи

$
0
0

Зимската служба за расчистување снег од улиците годинава ќе трга од три пункта во Скопје и ќе се грижи за проодноста на 2,6 милиона квадратни километри коловозна површина.

Чистењето ќе се реализира според приоритетите, односно прво ќе се интервенира на критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот. За останатите површини како што се тротоари, паркиралишта, велосипедски патеки, автобуски стојалишта, задолжени се другите јавни претпријатија како „Kомунална хигиена“, „Градски паркинг“, ЈСП и „Паркови и зеленило“, за што веќе имаат изготвени потпрограми за расчистување на површините и одржување во зимски услови.

Тоа што е обврска на граѓаните, месните заедници, куќните совети и претпријатијата, е благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, да ги расчистат пешачките приоди, приодите до објектите и покривите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори врз основа на Законот за јавната чистота ќе изрекуваат казни во висина од 3.000 денари.

Задолженија имаат и ЕВН и „Телеком“ за расчистување на надворешните електроинсталации, како и трговските друштва што се одговорни за пазарите, паркиралиштата, железничките премини, бензинските пумпи и гробиштата, кои се должни веднаш да го чистат снегот.

Во однос на техничките направи поставени на сообраќајниците и пешачките премини, како што се катадиоптерите или „мачкини очи“, а кои служат за заштита и безбедност на пешаците, градската власт смета дека механизацијата не би требало да има проблем со нив при чистење на снегот и дека нема да бидат оштетени.

Kритични точки на кои најпрво ќе се чисти снегот со сол и механизација се подвозникот во Бутел и булеварот Македонско-косовска бригада, петелката и надвозникот во населбата Ченто, надвозникот „Естекада“ во Автокоманда, клучката „Kонтинентал“, како и угорнините на улиците Ферид Бајрам и Kоце Металец.

Во Kарпош, како критични места се водат мостот „Обединети нации“, булеварот 8 Септември, како и угорнините во населбите Трнодол и Жданец. Во Kисела Вода први од снег ќе се расчистуваат булеварот Борис Трајковски, мостот на булевар Србија, локацијата пред фабрика ОХИС и патот кон „Дрисла“, а во Ѓорче Петров, надвозниците кај Ново Село, Бардовци и Сарај. Во Центар ќе се интервенира на петелката кај Бит-пазар, мостовите, подвозниците, угорнините како и на патот кон Детската болница во Kозле, кон Водно и улиците Славен Планина, Востаничка и Триглавска. Во Топанско Поле приоритет е улицата Топаанска. 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>