Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Во наредните години ќе се градат 3 автопати и 60 регионални патишта

$
0
0

Инфраструктурен бум во Македонија предвидува новата програма „Реално"на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се градат три нови автопати, шест нови експресни патишта, 60 регионални патишта во вредност од 140 милиони евра, а дополнителни 30 милиони евра ќе се вложат во реконструкција и изградба на локални патишта во сите општини.

Планирани се 200 нови локални патишта.

„Често кога одам на терен говорам дека нема место во Македонија каде не се гради. Проектите во инфраструктурата не запираат и тоа го докажуваме цел овој период. Инвестициите во инфраструктурата ќе продолжат и во наредниот период. За таа цел ќе инвестираме речиси милијарда евра во изградба и реконструкција на нови автопати, регионални и магистрални патишта"– вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Вложувањата во инфраструктурата преку висок износ на капитални инвестиции се основа за економскиот раст, бидејќи повлекуваат ангажман на домашната градежна оператива, што се отслика во вториот квартал од годинава.

„31 процент раст на еден сектор е огромно нешто, незабележан во поновата историја на Република Македонија. Јас искрено се надевам дека овој раст ќе продолжи и во иднина"– вели првиот човек на градежната комора при ССК, Роберт Хот.

„Градежниот сектор е еден од главните двигатели на економијата во последните три години и ќе остане барам во идните две години. Инфраструктурните проекти направија да се раздвижи не само градежништвото, туку и други 25 стопански гранки коишто се тесно поврзани со градежништвото. Ефектите се евидентни"– вели претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

Проектите се реализираат на терен!

Капиталните инвестиции во инфраструктура тежат милијарда евра, изградена или реконструирана е патна мрежа од над 1.300 километри. Македонија добива три целосно нови автопати: Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Сите се во фаза на изградба, два се очекува в година да бидат пуштени во употреба.

„На автопатот Демир Капија – Смоквица досега се завршени 90% од предвидените градежни работи. На оваа делница од 28 километри се речиси завршени сите работи поврзани со асфалтирањето, остана уште завршниот слој и делот на мостовите, коишто беа најголеми инженерски објекти на овој пат, заедно со тунелите"– вели директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов.

Ќе се градат уште три нови автопати

Во Македонија ќе се градат уште три нови автопати. Првиот од Гостивар до Кичево во должина од 42 километри – инвестицијата од 350 милиони евра треба да биде комплетирана до 2020 година. Вториот автопат е од Скопје до Блаце во должина од 13 километри, вреден 70 милиони евра, а третиот е на потегот Требеништа – Струга во должина од 8,5 километри во вредност од 45 милиони евра.

„Сегашниот пат Кичево – Гостивар целосно ќе се реконструира, а паралелно ќе се гради новиот автопат. Ќе ги обновиме сите 5 мостови на оваа делница меѓу Гостивар и Кичево во должина од 28 километри, инвестиција вредна 8,6 милиони евра"– вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Кои се новите експресни патишта?

ВМРО-ДПМНЕ најавува изградба на неколку клучни експресни патишта, витални за развојот на Македонија.

Експресниот пат „23 октомври"ќе ги поврзува Штип и Радовиш. Патот е во должина од 38 километри, а вредноста му се проценува на 64 милиони евра.

Експресната делница „2 август"ќе ги поврзува Градско – Росоман – Дреново – Прилеп во должина од 33,5 километри (веќе се гради).

Со инвестиција од 53,4 милиони евра ќе се поврзат Штип и Кочани, додека 40 милиони евра е вредноста на експресниот пат планиран од Охрид до Пештани во должина од 14,5 милиони евра.

„Ќе изградиме нов експресен пат од влезот на Битола преку Жабени до граничниот премин Меџитлија. Нов експресен пат со четири ленти Битола – Жабени – граница со Грција. Ќе извршиме целосна модернизација и реконструкција со проширување на двата влеза во Битола. Ќе инвестираме нови 10 милиони евра, подготовките ќе ги започнеме в година, градбата ќе заврши меѓу 2019 и 2020 година"– вели Груевски.

Проекти и за источна Македонија

Освен капиталните инвестиции во западниот дел од земјава, голем дел од планираните проекти се и за источниот дел: нов автопат кон Штип, експресни патишта Велес – Кадрифаково, Ранковце – Крива Паланка, Штип – Кочани и Штип – Радовиш, регионалните патни правци: Чашка – Богомила, Крива Паланка – Македонска Каменица, Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово.

„Во новата програма на владејачката партија, голем дел од инвестициите се наменети за изградба на патна инфраструктура во источниот дел од државата. За оваа намена се планирани 480 милиони евра"– вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 10 години направи навистина многу. Се гледаат ефектите и резултатите од она што е инвестирано, изградено, особено во инфраструктурата"– вели универзитетскиот професор Јован Пејковски.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>