Почна судењето на човекот кој за да докаже на пропустите во безбедностниот ситем на Шпанија симулирал атентати врз познати шпански личности, меѓу кои Кралот Фелипе VI, Премиерот на Шпанија, но и фудбалерите на Реал Мадрид, Герет Бејл и Кристијано Роналдо.
Во пресрет на големи празници кога во Мадрид се одржуваат паради на кои присуствуваат највисоките претставници на власта тој изнајмувал соби во околните хотели од каде се пружа добар поглед врз трибината на која се сместени Кралот и други видни личности.
Како доказ, со помош на камера го сликал нишанот од својата пушка, во моментот кога на мета ги држел посочените лица. Сликите подоцна ги објавувал по социјалните мрежи. Тој изјавил дека, без било каков проблем успевал да го прошверцува оружјето низ сите контроли да се смести на место од каде може да изврш атентат и таму да отседнува и по неколку дена, без да биде забележен.
Неговата идеја е да ги посочи пропустите во безбедносниот систем, вели дека доколку тој толку едноставно успеал во намерата, би било потребно само еден џихадист да посегне по животот на кралот, премиерот или некој друг за цела Шпанија да ја завие во црно. Вели дека и претходно се обидел да укаже на тоа, но никој не го сфатил сериозно. Во ниту еден момент немал намера вистински да изврш атентат.
Во секој случај, ќе му се суди за загрозување на јавна безбедност но и загрозување на безбедноста на највисоките државни органи.