Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

АГЕНДА: Каде да се шетате викендов?

$
0
0

Сподели возило на „Скопски автобуски хакатон“

Во сабота  во 10:30 часот во Јавна Соба/Public Room (улица 50-та Дивизија, бр. 22) ќе биде отворена манифестацијата „Скопски автобуски хакатон“, во чии рамки ќе се одржи и дебата на тема „Сподели возило“, која се реализира во рамки на проектот SocialCar.

Целта на оваа дебата е мотивирање на јавноста повеќе да го користи јавниот транспорт и да споделуваат возило за секојдневните патување во Скопје. Во рамки на дебатата учесниците на „Скопски автобуски хакатон“ да изработат иновативно софтверско решение или алатка која ќе одговори на едноставно но сепак круцијално прашање: Што може да го поттикне граѓанинот да го остави сопственото возило дома и да избере јавен транспорт или да дели возило со друг патник?

Град Скопје, кој е партнер во истражувачкиот и иновациски проект SocialCar, финансиран од програмата HORIZONT 2020, работи на вклучување на мерката за споделување возила (carpooling) во постоечките системи за јавен превоз, со помош на софтвери за планирање и интеграција на базите на податоци од јавниот превоз, споделувањето возила (carpooling) и активирањето на граѓаните преку друштвените мрежи (crowdsourcing). Проектот SocialCar и јавниот транспорт се ефективни и имаат поголемо влијание кога голем број на патници ги користат, затоа, цел на оваа тема е, да добиеме софтверско решение кое влијае на промена на менталитетот и однесувањето на луѓето во поглед на оставање на своето возило дома и користење на јавен транспорт, на организиран превоз на повеќе патници со едно возило, или пак најдобро, комбинирање на јавниот транспорт и организирано споделување на возило.

„Скопски автобуски хакатон“ е организиран во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

Во рамки на „Скопски автобуски хакатон“ ЈСП распиша јавен повик до заинтересирани за изработка на иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57.

Хакатонот ќе трае 24 часа и ќе започне на 3 декември 2016 година (сабота) во 10:30 часот, додека победниците на натпреварот ќе бидат соопштени во недела (04.12.2016 година) во 11 часот, во Јавна соба/Public Room (улица 50-та Дивизија, бр. 22).

Спектакуларен концерт: Бајага, Прљаво Казалиште и Ареа во Скопје

Бајага и „Инструкотри“, „Прљаво казалиште“, „Ареа“ и „Деца из воде“ бендот посветен на „Екатерина велика“, на 3 декември во салата „Борис Трајковски“ ќе настапат на првото издание на фестивалот наречен „Сé што ти е потребно е љубовта“, според големиот истоимен хит на „Битлси“.

Настанот кој е во организација на продукциајта „Авалон“ ќе трае речиси шест часа, а секој од групите пректично ќе има соло концерт. Всушност, ова нема да биде фестивалски концепт туку повеќе како целовечерни концерти на четири различни групи.

- По големиот број концерти на големи странски иммиња кои годинава ги организиравме во Македонија и во државите од соседството, конечно на овдешната публика ќе и понудиме еден маратонски концерт за сите генерации, затоа што музиката на Бајага, „Прљаво казалиште“, „Ареа“ и „ЕКВ“, израснаа повеќе генерации - рече Денис Илиоски од прдукцијата „Авалон“.

Кино Милениум:

САБОТА - НЕДЕЛА (03.12. - 04.12.):

11:00 часот - ВАИЈАНА – ПОТРАГА ПО МИТСКИОТ ОСТРОВ (MOANA)

13:00 часот - ВАИЈАНА – ПОТРАГА ПО МИТСКИОТ ОСТРОВ (MOANA)

15:00 часот - ЈАС, ДАНИЕЛ БЛЕЈК (I, DANIEL BLAKE)

17:30 часот - УСТАВ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА (THE CONSTITUTION)

20:00 часот - СОЈУЗНИЦИ (ALLIED) 22:30 - МАКС СТИЛ (MAX STEEL)

Капан Ан

Funky Fresh / Goce SAF, Dimitri od Chair, Chvare

Оваа сабота по 22-ри пат Funky Fresh во Капан Ан со:

DJ Goce SAF
DJ Dimitri from Chair
DJ Chvare
Hip hop / funk / soul / disco / breaks и се помеѓу!

Старт на полноќ, влез 100 денари.

Почеток: 23.59 

Театар Комедија

04.12 недела

ПРИКАЗНИТЕ НА ЗАБОРАВЕНИТЕ ПРЕТЦИ – НАРОДЕН ТЕАТАР СЛОЈШТИЦА

Забави во Скопје ОВДЕ.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>