Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34986

Што може да го поттикне граѓанинот да го остави возило дома и да избере јавен транспорт ?

$
0
0

В сабота во 10:30 часот, во Јавна соба ќе биде отворена манифестацијата "Скопски автобуски хакатон", во чии рамки ќе се одржи и дебата на тема "Сподели возило".

Целта на оваа дебата е мотивирање на јавноста повеќе да го користи јавниот транспорт и да споделуваат возило за секојдневните патување во Скопје. Во рамки на дебатата, учесниците на "Скопски автобуски хакатон"треба да изработат иновативно софтверско решение или алатка која ќе одговори на едноставно, но сепак круцијално прашање - што може да го поттикне граѓанинот да го остави сопственото возило дома и да избере јавен транспорт или да дели возило со друг патник.

"Град Скопје, кој е партнер во истражувачкиот и иновациски проект 'СоциалКар', работи на вклучување на мерката за споделување возила во постојните системи за јавен превоз, со помош на софтвери за планирање и интеграција на базите на податоци од јавниот превоз, споделувањето возила и активирањето на граѓаните преку друштвените мрежи. Проектот 'СоциалКар'и јавниот транспорт се ефективни и имаат поголемо влијание кога голем број патници ги користат, затоа, цел на оваа тема е да добиеме софтверско решение кое влијае врз промена на менталитетот и однесувањето на луѓето во поглед на оставање на своето возило дома и користење на јавен транспорт, на организиран превоз на повеќе патници со едно возило или, пак, најдобро, комбинирање на јавниот транспорт и организирано споделување на возило", велат од Град Скопје.

Во рамки на "Скопски автобуски хакатон", ЈСП распиша јавен повик до заинтересирани за изработка на иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57. Победниците на натпреварот ќе бидат соопштени в недела. 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34986

Latest Images

Trending Articles



Latest Images

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>