Социјалната мрежа „Фејсбук“ може да биде многу забавно место, на кое моежете да пронајдете се'и сешто. Можете да се поврзете со проијателите, со познаниците, да го изразите своето мислење, да разменувате мислења или да се инфромирате на некоја тема.
Во исто време, Фејсбук, може да биде и ужасно место, полно со нарцисоидни статуси, покани за небитни настани или игри како Candy Crush. Профилите на некои луѓе може да се опишат како олатр на нарцисоидноста и места каде се објавуваат толку не проверени информации што истото се граничи со лудило.
Ова се дел од работите кои луѓето често ги прават а се неверојатно иритантни:
Лајв(Live)
Оваа опција на Фејсбук е прилично нова, така што сеуште не е масовно распространета. Опција со која можете во живо да го пренесувате она што се случува. Пред да започнете со преносото, запрашајте се: Дали навистина живеете живот доволно интересен за да на некого му биде интересно да го гледа. Во најголем дел од случаевите, одговорот е не. Доколку сте сведок на убиство, имате некој посебен талент, или сведочите нешто навистина неверојатно, тогаш во ред, но доколку сте дома и ја гледате најновата епизода од вашата омилена серија или во пеете додека се бањате, поштедете ги луѓето од вашата потреба за внимание.
Луѓе кои се заблагодаруваат на пријателствата
Oва е тренд кој полека но сигурно изумира, но сеуште има верни следачи особено оние постарите корисници на социјалната мрежа. Можеби „благодарам за пријателството“ звучи ок во вашата глава и претставува гест на култура, но доколку тоа му го кажувате на долгогодишен пријател. Доколку му го кажувате на комплетен странец, со кого тукушто сте станале „пријатели“ звучите малку непријатно.
Манијакални лајкувачи
Tукушто прифативте барање за пријателство од некого кого одвај го познавате, а веќе во наредните 5 минути ги има „лајкнато“ сите ваши фотографии од 2010. Во нивните глави тоа е можеби знак на почитување или надокнадување на времето кога не сте биле „пријатели“, со надеж дека ќе им испратите порака и ќе ги прашате како се, но во пракса тоа најчесто прераснува во жалење зошто воопшто сте ги прифатиле.
Собирање на лајкови со нагласување на нешто очигледно
Врне снег, дожд, сочувствување со некоја несреќа исл. И останатите луѓе имаат прозор во домовите и можат да видат дека врне. Што се однесува до несреќите, почесто се случува да се луѓето едноставно жедни за внимание отколку што реално знаат и една песна од починатата музичка ѕвезда.
Seen
Ова е опцијата која неодамна ја воведе Фејсбук, со која што можете да видите дали некој ја прочитал пораката која сте му ја испратиле. Одлична идеја, но, истата почна да ги откива лошите манири на луѓето. Сте ја прочитале пораката, а не одговарате, ова се граничи со елементарна некултура. Имајте доволно доблест, па барем напишете, „Ќе ве побарам подоцна“ или нешто во таа насока.