Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

ПО ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД АМБАСАДАТА НА САД: Познат е идентитетот на сопственикот на „заставата“

$
0
0

Полицијата го утврдила идентитетот на сопственикот на возилото „застава пикап"кое вчера било паркирано пред Амбасадата на САД и предизвикало сомневање кај безбедносните служби на амбасадата. Од таму информираат дека вчерашниот прекин на телефонските линии не бил поврзан со сомневањата дека во возилото имало експлозив.

По пријавата од американската амбасада, вчера припадници на единиците за антитероризам на МВР го провериле паркираното возило и го однеле на дополнителна проверка. Експлозив не бил најден, а полицијата не го соопштува идентитетот на сопственикот на возилото „застава пикап“.

И од Амбасадата на САД информираат дека постоело сомневање дека во возилото имало експлозив и затоа била повикана полицијата. Во врска со прекинот на телефонските линии, од амбасадата велат дека тоа не било поврзано со овој изолоиран инцидент.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles