Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Агенцијата „Марили“ најави промоција на бизнис клубот на жени менаџери

$
0
0

Вечерва агенцијата „Марили“ ќе го промовира бизнис клубот на жени менаџери чија цел е да ги поврзе жените менаџери и да ја подобри нивната комуникација. На настанот ќе присуствуваат околу 50 жени менаџери кои што учествуваа и на јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери од Република Македонија и од дијаспората“ а свое обраќање ќе има генералниот менаџер на агенцијата „Марили“, Лидија Трипуноска, која ќе ја претстави визијата и мисијата на клубот.

Клубот ќе биде местото каде што жените менаџери ќе може да ги промовираат своите идеи и иновации, да добијат поддршка, маркетинг и промоција. На интернет страницата на агенцијата www.marili.com.mk.  е поставена и посебна страница означена како „Бизнис клуб“.

Во исто време, во клубот ќе можат да се добијат информации за тоа како новитетите во својот бизнис полесно да ги претворат во практични искуства со помош на пристапните ИПА фондови и европските кредитни линии.

Исто така, во рамките на клубот ќе се прават и тематски работилници за одредени проекти, а посебно место ќе заземаат хуманитарните проекти посветени на здравјето на жените и за социјално ранливите категории на жени, како и за болните деца и децата без родителска грижа. Една од активностите на клубот ќе биде и вмрежување со останатите здруженија, организации и асоцијации на жени во бизнис сферата.

Ќе се одржи и предавање од областа на бизнис психолгијата под наслов „И во Македонија е возможно!“, а предавач ќе биде Марина Анчевска, генерален менаџер на Центарот за бизнис психолгија – Скопје.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>