Утрата кај поголемиот дел од нас се слични, но некои се колнат во трикови кои помагаат во полесно пребродување на почетокот на денот.
Ова се четири навики кои според Brightside ги прават утрата полесни:
Масирајте си ги ушите
Масирање на ушите може да помогне во расонувањето. Се препорачува тоа да го правите уште додека лежите во кревет. Аплицирање на стимулација на најчувствителните делови на телото, односно ушите може да помогне да се почувствувате расонето бидејќи ја стимулира циркулацијата.
Напијте се чаша топла вода со лимон
Постојат голем број причини зошто голем број луѓе кафето го заменуваат со чаша топла вода со малку цеден лимон. Тоа ќе ја подобри работата на дигестивниот систем (иако и кафето има сличен ефект), ќе ви го засили имунитетот, а ќе помогне и во елиминирање на штетните токсини во телото. За една чаша вода, од 2 децилитри, доволно е само четвртина лимон, а доколку се решите за овој трик, најдобро би било да го одложите доручекот 20-тина минути.
Исчистете го јазикот
Сите знаеме дека е добро забите да се мијат два пати на ден, но тоа не е се! Големо количество бактерии се собираат на јазикот, што е главна причина за лошиот здив, но и за проблемите со кариесот и непцата. Се што ви е потребно е обична четкичка, но мора да внимавате да не бидете премногу груби за да не ја оштетите површината на јазикот, која инаку е многу сензитивна.
Изедете лажичка мед
Медот ја стимулира меморијата и продуктивноста, ги олеснува симптомите од алергиите, ја лекува кашлицата... Поради сето тоа, да се започне денот со лажичка мед е одлична идеја! Во идеални услови, свеж и природен мед, е најдобра можна опција, а се препорачува истиот да се консумира 15-20 минути пред првиот оброк. Доколку ви е пресладок, не е лоша идеја да го растопите во чаша млака вода, ефектот, ќе биде речиси идентичен.