Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Траумите од детството влијаат врз животниот век, односите и здравјето

$
0
0

Малтретирањето во детството може да остави долготрајни лузни, да ја оштети перцепцијата за светот и да го постави мозок во состојба на самоуништување, се наведува во една австралиска студија.

Според авторите на студијата, односите кои ги создаваме додека сме мали ни помагаат да се развиваме, но ако се деструктивни можат негативно да влијаат на остатокот од нашиот живот.

Истражувањата покажале дека траумите од детството, како сексуално злоставување, развод на родителите или алкохолизмот во домот, го зголемуваат ризикот од болести на срцето, мозочен удар, депресија и дијабетис подоцна во животот. Освен тоа, траумите го зголемуваат и ризикот за пушење, често менување на сексуалните партнери, а дури придонесуваат и за покус животен век.

Истражувањето покажало дека оние кои како деца имале шест или повеќе негативни искуства. умираат речиси 20 години порано од тие кои немале трауми.

Исто така, трауматизираните деца често немаат доверба кон другите луѓе, главно поради тоа што ги предале возрасните кои требале да ги чуваат и заштитуваат, тврди австралиска група за поддршка на злоставувани лица „Блу Нот Фондејшн“.

Студијата која била спроведена на 21.000 луѓе на возраст од над 60 години, кои биле злоставувани во детството, покажала поголема стапка на пропаднати бракови или врски, а таквите лица за себе обично велат дека „не се баш среќни” или дека „воопшто не се среќни”.

Останатите проблеми со кои трауматизираните деца главно се соочуваат се депресија, анксиозност, дрога, алкохол, зависност од коцкање и купување, како и недостиг на самодоверба.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Trending Articles