Што се наоѓа на сликата: обичен камен или доказ дека на Марс навистина некогаш постоел живот? Зависи кого прашувате!
Од планетата Марс постојано ни пристигнуваат интересни фотографии на кои во главно се гледаат камења или карпи во различни форми кои потсеќаат на предмети од нашата планета. Меѓутоа, заговорниците на теоријата дека на Марс има или имало живот убедуваат дека не се работи за обични предмети.
Според некои истражувачи се смета дека на Марс постоела цивилизација која била збришана со нуклеарна војна, па предметите кои сега ги наоѓаат во скаменета форма се дополнителен доказ за тоа.