Можеби не сте знаеле дека е нормално да се чувствувате сексуално возбудени кога ќе се разбудите наутро после бурна ноќ, во каја сте имале порилично испиени чаши алкохол. Научниците објаснуваат дека е природно, по лудата ноќ, да се разбудите со желба за секс.
За време не сексот, и кај мажите и кај жените се лачат хормоните ендорфин и окситоцин, кои всушност помагаат при ублажување на симптомите од мамурлакот, а најмногу ќе ви помогне во доживување на оргазамот, кој дополнително ќе ве расположи.
Додека имате секс, за време на мамурлукот, морате да знаете дека ќе бидете прилично чувствителни. Доколку и двајцата се чувствувате изнемоштено, во тој случај водете љубов нежно, бавно и внимателно. Ладен заеднички туш, исто така убаво ќе ве освежи и ќе го измие алкохолот кој излегува низ вашите пори.
Следниот пат кога ќе претерате со алкохол на некоја журка, наредното утро препуштете се на мамурна секс-забава со вашиот партнер, која е поинтересна, од било која таблетка против мамурлук.