Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34766

Седнав во едно скопско кафуле и почнав да го набљудувам плоштадот.....

$
0
0

Утрово маглата не успеа да ме спречи во моите планови. Се облеков во моите омилени фармерки, јакна, капа и се упатив кон плоштадот.

Седнав во едно скопско кафуле и почнав да го набљудувам плоштадот. Дали во градов, во овој момент има уште некој што размислува за плоштадот? Како ли го доживува? За мене тој е најголемото собирно место каде народот се собира за убави, радосни, но и за тажни моменти. За изложби, за концерти, за прослави, но и за митинзи, протести...

Колку е собирно место во срцето на градот, толку е и раскрсница. Таму често се разминувам со некој, бидејќи не се движиме во ист правец.Таму секој остава своја трага. Со чекорите, насмевките, погледите.Декемвриското утро остава трага во мојата приказна. Плоштадот е украсен за Новата година. Ме допира и мирисот на печени костени и крофни. Станав од кафулето, си купив печени костени и се упатив кон еден уличен продавач на книги.

Си купив книга пред да го напуштам плоштадот, видов човек кој продаваше новогодишни честитки. Ми текна дека на најблиските можам да ги израдувам со честитки по пошта.Купив дваесет и со насмевка го напуштив плоштадот.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34766

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>