Одлично предјадење за празниците, особено за оние кои се љубители на пица вкусовите!
Состојки:
8 јајца
2 лажици кисела павлака
3 лажици брашно
неколку гранчиња магоднос
1/2 лажичка зачин
мелен бибер
2 лажици маслиново масло
200 гр. кашкавал по избор
150 гр. шунка по избор
70 гр. чајна кобасица
1 главичка кромид исечкан на ситни парчиња
Подготовка:
Изматете ги јајцата со павлака. Додадете зачин, бибер, брашно и добро изматете со миксер. На крајот, додадете исечкан лист од магдонос. Плехот, обложете го со хартија за готвење, истурете ја смесата и печете на 180 степени, 10 минути. Извадете ја смесата од плехот, заедно со хартијата и додека е сеуште жешко, премачкајте со кечап, ставете рендан кашкавал, а одозгора пропржен кромид, шунка и тенко исечкана чајна. Кората внимателно одвојте ја од хартијата и свиткајте во вид на ролат. Така свитканиот ролат, ставете го во фрижидер. Исечкајте го ролатот на парчиња и сервирајте.
Добар апетит!